Top Sport

(Видео) Парадата во Ливерпул се претвори во хорор

Долгоочекуваната прослава на титулата и парадата на Ливерпул што се одржа на улиците на градот во понеделник се претвори во вистински хорор кога автомобил се заби во толпата навивачи.

Според проценките, помеѓу 800.000 и еден милион навивачи се собрале на улиците на градот за да ја прослават титулата со песна, пиво и факели.

Прославата се претвори во целосен ужас кога едно лице со свпјпт автомобил влета во толпата. Според британските медиуми, мажот бил веднаш уапсен. Автомобилот покоси десетици луѓе, а на социјалните мрежи се појави видео од полицијата како го опкружува автомобилот и веднаш го апси возачот.

Полицијата мораше да ги спречи лутите навивачи кои сакаа сами да го линчуваа возачот, но не можеа да ги спречат да го искршат автомобилот. Полицијата шотврди дека возачот бил 53-годишен маж кој бил уапсен.

27 лица биле примени во болниците низ градот, од кои четири биле повредени деца. Меѓу потешко повредените е и член на брзата помош кој ја следел парадата како превентивна мерка на велосипед.

Scroll to Top