Челси ја продлабочи кризата на Нотингем Форест со победата на „Сити граунд“ (3:0), во првиот меч од осмото коло во Премиер лигата.
„Шумарите“, минатата сезона беа најпријатното изненадување во Премиер лигата, до самиот крај се бореа за четвртото место, оваа сезона како што стојат работите ќе се борат за опстанок.
Нотингем Форест го доживеа петтиот пораз, остана на само една победа и доколку Барнли и Вест Хем победат во ова коло, ќе бидат претпоследни на табелата.
На сите им беше јасно дека тимот од Нотингем не требаше да го отпушти тренерот Нуно Еспирито Санто, негвиот наследник Ангелос Постекоглу, веројатно ќе доби отказ, по само еден месец. На седум натпревари на клупата на поранешниот европски шампион, тој има пет порази и две нерешени резултати.
Неговиот тим се одржа на овој натпревар во првите 45 минути, а целосно се распдна во второто полувреме.
Во 49-та минута, Ачеампонг го постигна првиот гол во својата кариера за Челзи, а само три минути подоцна, асистентот за водечкиот гол, Португалецот Нето го дуплираше водството со гол од слободен удар.
Рис Џејмс го постави конечниот резултат во 84-та минута.
Следниот предизвик во лигата за Челзи е на 25 октомври кога го пречекуваат Сандерленд, додека Форест ден подоцна ќе гостува кај Борнмут.