Фудбалерите на Арсенал го победија Кристал Палас (1:0) во деветто коло и ја зголемија предноста над конкурентите за титулата. Во истиот термин Манчестер сити загуби во Бирмингем од Астон Вола (1:0). По поразот на Сити, на второто место скокна Борнмут откако со 2:0 го победи Нотингем Форест.
Фудбалерите на Арсенал сигурно ќе ја задржат челната позиција во Премиер лигата. Во уште едно лондонско мини-дерби, „топџиите“ излегоа како победници и сега имаат седум победи во првенството и се лидери со 22 бода.
Што се однесува до дуелот со Кристал Палас, Арсенал победи со минимален резултат, 1:0.
Стрелец на тој единствен гол во натпреварот беше поранешниот ограч на Палас, Еберечи Езе, во 39-та минута.
Фудбалерите на Манчестер Сити им приредија непријатно изненадување на своите навивачи. Нивната средба исто така заврши со минимален резултат од 1:0.
Екипата на Астон Вила, не само што успеа да се одбрани на „Вила Парк“ туку и запиша победа над фаворизираниот тим од Манчестер.
Стрелец на тој единствен гол за екипата на Астон Вила беше Кеш во 19-та минута од натпреварот.
Matty Cash scores City pic.twitter.com/Wyy70M7tl6
— CHIDYE (@gentlechidye) October 26, 2025
Овој пораз на Манчестер сити го искористија играчите на Борнмут кои го победија Нотингем Форест со резултат од 2:0.
Борнмут поведе во 25-та минута преку Таверние, кој погоди директно од коренер. Конечниот резултат во 40-та минута го постави Крупи.
Драматичен меч на „Молињу“ одигра Вулверхемптон и Барнли. Гостите водеа со 0:2 со головите на Флеминг, Вулвс се вратија во натпреварот преку Ларсен од пенал и Мунеци. Во 95-та минута Барнли го шокира домаќинот со голот на Фостер.
