Top Sport

(Видео) Победи на Струга и Шкендија, евро-голот на Јанкулов му пресуди на Вардар

Попладнево започна 32. сезона во македонскиот фудбал. Шампионот труга лесно се справи со Гостивар, Брегалница го победи Силкес, а минимални триумфи запишаа Шкендија кја Воска спорт, АП Брера над Вардар и Тиквеш против Македонија ЃП.

Струга ТЛ одбраната на титулата ја започна со победа над повратникот во Првата лига, Гостивар. Стружани победија со 2:0. Првиот гол го постигна Радески во 22.минута, кој само потврди дека почетокот на сезоната го дочека во одлична форма. Победата ја потврди Јаровиќ во 91.минута.

Еден гол го реши и победникот на натпреварот во Струмица. АП Брера Стримица славеше над Вардар со евроголот на Јанкулов во 58.минута. Ударот од 25 метри на Јанкулов не усшеа да го одбрани изворедниот Гачевски, кој во првото полувреме имаше две брилијантни одбрани.

Тиквеш ја совлада Македонија ЃП со голот на Ивановски.

Брегалница славеше над Силекс со 2:1 против Силекс. Головите беа постигнати во првото полувреме Димитриевски и Колин Андерсон беа стрелци за домашниот тим, а Ивановски за Силекс.

Шкендија, во Охрид, се мачеше против дебитантнот во Првата лига, Воска спорт. Фудбалерите на Шкендија до триумфот дојдоа во 91.минута со голот на Аганспахич. Двата тима мечот го завршија со фудбалер помалку. Шапа (шкендија) беше исклучен во 64, а Георгиев (Воска спорт) во 76.минута.

Резултати:

АП Брера-Вардар 1:0
Воска-Шкендија 0:1
Струга ТЛ – Гостивар 1:0
Тиквеш-Македонија ЃП 1:0
Брегалница-Силекс 2:1

Понеделник, 17 часот:
Работнички-Шкупи

Scroll to Top