Top Sport

(Видео) Погледнете го циркусот по „Ел Класико“

Во дербито од 10-то коло од Ла Лига, Реал ја победи Барселона со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“.

Во спектакуларното Ел Класико, „Кралевите“ поведоа преку Килијан Мбапе, а Фермин Лопез израмни за гостите во 38-та минута. До крајот на полувремето, Џуд Белингам му донесе ново водство на Реал и со тоа го постави конечниот резултат. По оваа победа, Реал се одвои на врвот на Ла Лига со пет бода повеќе од Барселона.

Дуелот не можеше да продолжи без конфликт на теренот покрај него, па во 100-та минута, откако Педри беше исклучен поради два жолти картони, настана хаос покрај теренот.

Scuffle between Real Madrid and Barcelona bench
byu/977x insoccer

Камерите ги „фатија“ Винисиус и Андриј Лунин како доаѓаат до самата клупа на Барселона, а луѓето од стручните штабови мораа да ги разделат. После тоа, се вмешаа многу играчи од двете страни, а сè заврши со тоа што и полицијата мораше да се вмеша.

Околу една минута подоцна, главниот судија на натпреварот, Цезар Сото Градо, го означи крајот на дуелот. Кога тоа се случи, започна ново туркање, кое за среќа не ескалираше во тепачка.

Камерите ја забележаа и конфронтацијата помеѓу Дани Кавахал иТибо Куртоа со Ламин Јамал. Напаѓачот на Барселона дури му покажуваше на голманот на Реал да дојде до тунелот за да се пресемтаат.

Scroll to Top