Top Sport

(Видео) Покер голови на Лукаку за едно полувреме

Ромелу Лукаку го обележа последниот меч на Белгија во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во Германија. Белгија без мака ја мина групата и го освои првото место во својата група. Во последното коло Белгија го победи Азербејџан со 5:0.

Ромелу Лукаку на Азербејџанците им испорача „покер“ голови во првото полувреме.

Напаѓачот на Рома мрежата на Азербејџан ја погоди во 17., 26., 30. и 37.минута. Леандро Тросард се запиша меѓу стрелците во 90. минута. Од 24. минута гостите играа без исклучениот Еди Пасквал.

Лукаку досега има постигнато 83 гола на 113 натпревари за Белгија, но за првпат во кариерата постигна четири гола во дресот на националниот тим.

Со тоа тој стана првиот белгиски репрезентативец кој постигнал најмалку четири гола на натпревар по речиси 30 години. Рекордери и понатаму се Јосип Вебер, Роберт Де Вен и Берт Де Клејн, кои постигнале по пет гола на еден натпревар.

Починатиот Јосип Вебер постигна пет гола на пријателскиот натпревар против Замбија во јуни 1994 година, кој Белгија го доби со 9:0. Пет гола во дресот на Белгија постигнаа и Роберт Де Вен во 1911 година и Берт Де Клејн во 1946 година.

Scroll to Top