Top Sport

(Видео) „Покер“ на Реал Мадрид – Белингем го надмина Роналдо

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Осасуна во 9. коло од шпанската Ла Лига со резултат 4:0 (1:0).

На овој натпревар Џуд Белингем уште еднаш се истакна како клучен играч на Реал, а патем го надмина учинокот на Кристијано Роналдо.

Англичанецот, постигна два гола со што дојде до осум гола во првите осум кола во Примера. За споредба, Роналдо во својата прва сезона во Шпанија постигна седум гола во првите осум натпревари.

Белингем на натпреварот против Осасуна постигна два гола, првиот во 9. минута од првиот дел, а вториот во 9. минута од вториот дел.

Потоа погодија Винисиус во 65. и Хоселу во 70. за конечни 4:0.

Имаше можност за „петарда“, но Хоселу промаши пенал во 84. минута. Поточно, неговиот удар го одбрани голманот на гостите од Памплона, Серхио Ерера.

Foto/ EPA

Scroll to Top