Top Sport

(Видео) Покетино лут поради скандалозното однесување на играчите: Следниот пат сите ќе летаат надвор

Конор Галагер, како вистински капитен, ја реши расправијата меѓу Палмер, Џексон и Мадуеке, кој да го шутира пеналот против Евертон. Му ја даде топката на Палмер, бидејќи кога е на теренот тој е задолжен да ги изведува пеналите.

Расправијата фрли дамка на одличното издание на Челси против Евертон и победата од 6:0, во која палмер постигна четири гола и стана првиот играч на „сините“ уште од Еден Азар кој постигнал најмалку 20 голови во една сезона.

Лут на прес конференцијата беше менаџерот Маурисио Покетино, кој ја коментираше расправијата на своите играчи, а не фантастичната победа.

„Најпрво сакам да кажам дека вие, играчите, стручниот штаб и клубот знаете дека Кол Палмер ги изведува пеналите. Срамно е, вознемирен сум. Многу сум вознемирен. Во соблекувалната зборувавме за тоа како се претставуваме затоа што овој натпревар кој се играше во понеделник навечер, го гледаа луѓе во целиот свет. Срамота, сакам да им се извинам на луѓето кои го следат фудбалот и на нашите навивачи, ова е неприфатливо“, изјави Покетино.

Освен за прес-конференцијата, Покетино за „Скај Спортс“, зборуваше и за кавгата која настапа околу тоа кој ќе го шутира пеналот.

„Им кажав дека ова е последен пат да толерирам вакво однесување. Следниот пат ќе ги избркам сите. Ова не е шега.“

Scroll to Top