Португалија ја забележа шестата победа во шест меча во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, декласирајќи го досега најпријатното изненадување во квалификациите Луксембург со високи 9:0, додека во истата група Ј, надежите на Босна и Херцеговина за пласман беа уништени со 1:0 пораз на Исланд.
Гонсало Инасио го отвори резултатот во 12. минута, потоа новата ѕвезда на ПСЖ, Гонсало Рамос стрелаше во 18. и 34. минута од мечот, за Инасио во финишот на полувремето да зголеми на 4:0. Тимот на Роберто Мартинез не застана тука – Диого Жота (57. и 77.) и Рикардо Хорта (67.) зголемија на 7:0, Бруно Фернандеш по трите асистенции даде гол во 83. минута, а Жоао Феликс ги постави конечните 9:0 во 88. минута.
Во групата Ј, сега второто место го имаат Словаците, кои без проблеми со 3:0 го совладаа Лихтенштајн, откако БиХ загубија со 1:0 од Исланд со гол во 93. минута на Алфред Финбогасон.
ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Д
Летонија – Велс 0:2
ГРУПА Ј
Исланд – Босна и Херцеговина 1:0
Португалија – Луксембург 9:0
Словачка – Лихтенштајн 3:0