Top Sport

(Видео) „Постигнав два гола, а некој друг е МВП? Не може така“

Кристијано Роналдо го освои првиот трофеј со Ал Наср. Во драматичен натпревар, со играч помалку и по дополнителните 30 минути, Ал Наср го освои Купот на арапските со победата од 2:1 против големиот ривал Ал Хилал.

Јунак на победата беше Роналдо, стрелецот на двата гола за Ал Наср.

По натпреварот, на доделувањето на наградите се случи интересна ситуација. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Ал Хилал, што го изненади Роналдо, кој посочи дека дал два гола во финалето и дека поради тоа МВП наградата требало да му припадне нему.

Scroll to Top