ПСЖ минути го делат од освојувањето на првата титула во клупската историја. Во финалето во Лигата на шампионите, во Минхен, ПСЖ води против Интер со 3:0.
Херој на првата титула во елитното натпреварување за ПСЖ е најмладиот во тимот, Дезире Дуе.
Дуе во осмата минута му асистираше на Хакими за првиот гол, погоди за 2:0 во 20.минута, а сите надежи на Интер дека можат да се вратат во мечот ги урна Дуе со голот во 64.минута.
Две минути по постигнатиот гол Дуе го напушти теренот, на неговото место влезе Бредли Баркола.
ПСЖ ќе ја комплетира тројната круна, а Луис Енрике ќе му се приклучи на Пеп Гвардиола, тие двајца со две различни екипи успеале да ја комплетираат тројната круна.