Фудбалерот на Кремонезе, Романо Мусолини (22), го имаше дебито од сништата во Серија А.
Правнукот на фашистичкиот диктатор Бенито „Дуче“ Мусолини даде клучен придонес во вториот триумф на повратникот во Серија А. Кремонезе го победи Сасуоло со 3:2.
Мусолини влезе во натпреварот седум минути пред крајот, тоа беше негово деби во елитниот ранг на италијанскиот фудбал, а за кратко време успеа директно да влијае на резултатот.
Прво, му асистираше на Окереке за голот, кој беше поништен, бидејќи напаѓачот беше во офсајд, а потоа Мусолини избори пенал од кој Кремонезе, преку Да Лука, стигна до победата.
„Отсекогаш сум сонувал за ова“, рече Мусолини по натпреварот, кој од разбирливи причини, имајќи го во предвид вниманите што го добиваше каде и каде и да се појави, го отстрани презимето од дресот.
Во иднина, тој ќе го носи само името, Романо.
Во еден период, додека играше за Јуве Стабија, навивачите на тој клуб „на шега“ го поздравуваа со крената рака, како што некогаш правеа масите пред неговиот прадедо.
И тоа е една од причините зошто Романо одлучи да не го носи своето презиме на дресот.
Фото/ Принтскрин