На денешен ден во 1991 година, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски.
Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, а потоа „црвено-белите“ победија со 5:3 по изведувањето пенали.
Головите за Звезда од 11 метри ги постигнаа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев. Голманот Стојановиќ во првата серија го одрани ударот на капитенот на Олимпик Марсеј, Аморос.
Црвена звезда без пораз стигна до најголемиот успех во историјата и со тоа со златни букви влезе во фудбалската историја.
„Црвено-белите“ го елиминираа Грасхоперс во првото коло од тогашниот Куп на шампионите. Звезда во осминафиналето беше подобра од Глазгов Ренџерс. Ривал на „црвено-белите“ во четвртфиналето беше шампионот на Источна Германија Динамо од Дрезден, а Звезда ги доби двата натпревари. Реваншот во Дрезден со службен резултат, откако беше прекинат при водство на црвено-белите.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите црвено-белите го совладаа славниот Баерн со 2:1 на гостински терен, а во реваншот во Белград беше 2:2.