Top Sport

(Видео) Пресврт и победа на Астон Вила кај Тотенхем

Во натпреварот од осмото коло од Премиер лигата одигран во Лондон, Астон Вила го победи Тотенхем како гостин по пресвртот со 2:1.

Астон Вила имаше лош почеток на сезоната, дури под знак прашалник беше и иднната на менаџерот Унаи Емери, но во последниот месец екипата игра повторно игра како во своите најдобри денови.

Тимот од Бирмингем продолжи да победува и по репрезентативната пауза. Веќе има три по ред кога е во прашање лигата, а последниот е особено импресивен, запишан против сериозен ривал и тоа на негов терен.

Почетокот не ветуваше за гостите. Веќе во петтата минута, Тотенхем поведе по одлична акција на Кудус и Палиња, стрелец беше Родриго Бетанкур. Две минути подоцна Кудус ја затресе мрежата. Сепак, голот беше поништен поради офсајд.

Тотенхем беше подобар противник во тие моменти, тие ги контролираа настаните на теренот. А потоа шок во 37-та минута. Морган Роџерс демонстрираше каков шут има, Викарио беше немоќен.

Мудро, Астон Вила чекаше Тотенхем да се отвори и да остави простор во одбраната. Резервата Емилијано Буендија искористи една таква ситуација. Аргентинецот ја погоди малата мрежа со исклучително прецизен удар во 77-та минута и донесе целосен пресврт. Пресврт кој на крајот ѝ донесе на Астон Вила три големи бода.

Scroll to Top