Top Sport

(Видео) Пријателски натпревар се претвори во масовна тепачка

Пријателскиот натпревар помеѓу Њујорк Ред Булс и Клуб Америка од Мексико се претвори во вистински хаос. Средбата одиграна во Њу Џерси заврши со победа на американскиот тим од 1:0, но резултатот остана во втор план по масовната тепачка што избувна во 85-та минута.

Сè започна по еден прекршок близу гол-линијата. Вербалната расправија меѓу играчите набрзо се претвори во туркање, а потоа и во размена на удари. Фудбалерите од двата тима се вклучија во тепачката, додека соиграчите и членовите на тренерскиот штаб се обидоа да ги разделат.

Еден од најсрамните моменти снимени на видео беше потегот на играчот на Њујорк Ред Булс, Енди Рохас, кој го удри Дагоберт Еспиноза во тилот.

Откако ја смири ситуацијата, судијата додели дури пет црвени картони. Роналд Донкор и Нехуен Бенедети беа исклучени за домаќините, додека Емилио Лара, Рамон Хуарез и Дагоберто Еспиноза мораа да го напуштат теренот за мексиканскиот тим.

Засега не е познато дали Рохас последователно ќе биде казнет за учеството во инцидентот. Ситуацијата дополнително ескалираше кога навивачите од трибините почнаа да фрлаат предмети на теренот. Видеата од тепачката наскоро се проширија на социјалните мрежи.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');