Top Sport

(Видео) Проблеми во Наполи? Кварацхелија бесен по замената

Ѕвездата на италијанскиот шампион, Наполи, Квича Кварацхелија беше очигледно бесен на одлуката на тренерот Руди Гарсија да го извади од игра при бурното реми со Џенова.

Наполи не го повторуваат успехот од лани, откако освоија само седум поени во првите четири меча од новата сезона, а против Џенова се вратија од 2:0 за 2:2 реми.

22-годишниот Квара, кој нема дадено гол од март, не беше преезадоволен кога беше заменет од Алесио Ѕербин, покажувајќи го тоа јасно на теренот.

Scroll to Top