Top Sport

(Видео) Прв триумф за Арбелоа на клупата на Реал

Фудбалерите на Реал го победија Леванте со 2:0 во натпреварот од 20-то коло на Ла Лига.

Натпреварот против гостите од Валенсија ќе биде запаметен како прв на Алваро Арбелоа како тренер на „кралскиот клуб“ во Примера, по шокантното деби во Купот на Кралот, кога Реал доживеа елиминација од Албасете.

И се чинеше дека е на пат кон уште еден неуспех…

Пред почетокот на натпреварот на „Бернабе“ се ширеа гласини дека пристапот ќе биде забранет за секој што скандира или на било каков начин протестира против тимот.

На загревањето пред почетокот, Килијан Мбапе се повреди за време на еден напад. На Французинот му беше укажана помош на лице место, но на крајот играше и започна, и покрај фактот дека се чинеше дека станува збор за посериозна повреда.

Напаѓачот на Реал го скрши отпорот на по речиси еден час игра, кога постигна гол од „белата точка“ во 58-та минута.

Само седум минути подоцна, беше многу полесно да се дише. По центаршутот на Арда Гулер од корнер, највисок во скокот беше Раул Асенсио, кој го постави конечниот резултат.

Со оваа победа, Реал се доближи на бод од Барселона, но Каталонците сè уште не го одиграле својот натпревар против Виљареал.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');