Top Sport

(Видео) Прв триумф за Боливија во јужноамериканските квалификации

Дербито на дното меѓу Боливија и Перу го отвори петтото квалификациско коло во Јужна Америка за пласман на Светското првенство.

Во Ла Паз на дебито на новиот селектор Карлос Заго (поранешен играч на Рома), Боливија го победи Перу со 2:0. Со првиот триумф во квалифкациите Боливија фенерот му го предаде на Перу.

Двоен стрелец и херој на Боливија беше Рамиро Вака, кој ја погоди мрежата на Перу во 20. и 87. минута.

Натпреварот против Перу беше последен во дресот на Боливија за 36-годишниот напаѓач Марсел Морено Мартинс.

Scroll to Top