Top Sport

(Видео) Прва нула на ЕУРО 2024

Холандија и Франција одиграа интересeн, но не премногу квалитетен натпревар на Еп. Натпреварот во Лајпциг заврши без голови. Поништениот гол на Чави Симонс поради офсајд може да крене голема прашина.

Веднаш на почетокот на натпреварот одлична прилика имаше Џереми Фримпонг, прекрасно интервенираше Мењан. Се играше отворено и на другата страна, па три минути подоцна Гризман шутираше од далечина, Вербруген беше подготвен да интервенира.

Гризман не можеше да има подобра шанса од онаа во 14. минута. Рабио влезе во шеснаесетникот, беше несебичен и го проигра капитенот на Франција, сепак фудбалерот на Атлетико Мадрид ја промаши топката.

Франција ја презеде иницијативата, а Холандија имаше можности на контра. Гакпо имаше едена таква во 18. минута, Мењан одбрани. Тирам пропушти уште една потенцијална шанса во 28. минута кога шутираше високо над пречката.

Второто полувреме започна со иницијатива на Франција, но првата убава можност дојде дури во 65. минута. Французите одиграа одлична акција, Дембеле брилијантно го проигра Гризман, кој пропушти одлична прилика од пет метри. Само три минути подоцна шанса имаше и Дембеле откако го „измеша“ Аке, но шутираше над голот.

Холандија ја затресе мрежата во 69. минута од натпреварот, стрелец беше Чави Симонс, но Ентони Тејлор го поништи голот по контроверзниот офсајд. ВАР ситуацијата ја проверуваше околу две минути.

Французите беа поконкретни до крајот на натпреварот, но не успеаја да создадат сериозни шанси. На крајот од натпреварот Холанѓаните се бранеа и сепак го прифатија бодот кој на крајот го освоија.

Состојбата на табелата по две кола вели дека Франција и Холандија имаат по четири бода, Австрија три, Полска е без бодови.

Scroll to Top