Фудбалерите на Ливерпул не можат да излезат од кризата, која веќе долго го тресе клубот од „Енфилд“. На домашен терен, Ливерпул доживеа тежок пораз од ПСВ Ајндховен (1:4).
По победите над Астон Вила и Реал Мадрид, се чинеше дека кризниот период е зад екипата на Арне Слот, но натпреварите против Сити, Форест, а сега и екипата од Ајндховен, го докажаа токму спротивното.
Ливерпул беше во негатива од шестата минута, кога Иван Перишиќ постигна гол од пенал. Домаќинот одговори преку Собослај и сè изгледаше дека оди кон пресврт кога екипите заминаа на пауза.
Проблемот за Ливерпул беше што нивните играчи не се „појавија“ на теренот во второто полувреме. Гус Тил и Кухаиб Дриуш (двапати) ја затресоа мрежата на Мамардашвили и со тоа можеби му го потпишаа отказот на холандскиот стручњак.
