ПСЖ и Барселона забележаа победи во четвртото коло во Лигата на шампионите.
Европскиот првак, на „Керамика“ стадионот во Виљареал, демонстрираше сила, го декласира домаќинот со 6:0.
ПСЖ испука четири „топрпеда“ во периодот од деветтата до 17-та минута и ја потопи „Жолтата подморница“.
Дури пет различни играчи се запишаа во листата на стрелци: Жоао Невес, Дезире Дуе, Сени Мајулу, двојниот стрелец Фабијан Руиз и 17-годишниот резервен играч Давид Боли.
Суперталентираниот Ламин Јамал заедно со Рафиња ја предводеше Барселона до победата над Астон Вила (3:0).
Јамал го најави триумфот на Барселона во седмата минута.
Тоа беше неговиот 14-ти гол во Лигата на шампионите пред да наполни 20 години, официјално надминувајќи го претходниот рекорд на Килијан Мбапе и станувајќи најдобар тинејџер стрелец во историјата на елитното натпреварување.
Капитенот Рафиња беше прогласен за играч на натпреварот, а официјалниот панел на УЕФА го истакна неговиот настап со два одлични гола, паметно движење без топка и огромен радиус на движење во одбраната.
Со овие два гола, во 52-та и 62-та минута, Рафиња ги надмина своите познати сонародници Нејмар и Ривалдо на вечната листа на клубот на најдобри стрелци во Лигата на шампионите.
Foto/ EPA
