Top Sport

(Видео) ПСЖ и Баерн се класа за Реал Сосиедад и Лацио

ПСЖ и Баерн Минхен први изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите. ПСЖ и во реваншот го победи Реал Сосиедад, додека Баерн, на домашен терен ја надомести негативата од првиот меч против Лацио. Блескаа најдобрите стрелци на ПСЖ и Баерн, Килијан Мбапе и Хари Кејн.

ПСЖ во реваншот, во Сан Себастијан, го победи Реал Сосиеда со 2:1. „Светците“ со вкупни 4:1 се пласираа во четвртфиналето.

Надежите на Реал Сосиедад дека може да приреди некава сензација ги урна Мбапе по само 15 минути игра.

Капитенот на ПСЖ, постигна прекрасен гол, го исфрли со еден дриблинг Зубименди, а потоа го погоди спротивниот агол од голот на Алекс Ремиро. Мбапе го постигна и вториот гол за ПСЖ во 56.минута.

И покрај неповолниот резултат играчите на Реал Сосиедад не се откажаа, пропуштија неколку доби шанси, за конечно почесниот гол да го постигне Микел Мерино во 89.минута.

Во Минхен, Баерн пласман во четвртфиналето обезбеди во финишот на првото полувреме. Хари Кејн ја анулираше предноста на Лацио во 39.минута, а на 2:0 зголеми ветеранот Томас Милер во втората минута од судиското надополнување на времето. Конечните 3:0 ги постави Кејн со својот втор гол во 66.минута.

Scroll to Top