ПСЖ и Интер на „Алијанц арена“ во Минхен се борат за титулата во Лигата на шампионите.
Натпреварот започна со целосна доминација на „светците“ од Париз. Интер е ограничен на одбраната, играчите на Симоне Инзаги никако не можат да се справат со високиот пресинг на противникот.
Иницијативата на ПСЖ вроди со полд во 12.минута, по една филигрантски точна акција. Прво, Витиња даде одлична топка, го пронајде Дуе, а најмладиот член на „светците“ му ја додаде топката на Хакими, кој од три метри ја смести во голот.
Хакими е поранешен играч на Интер, поради што не го прослави голот.