Top Sport

(Видео) Рајо ја декласира Џирона, Миовски заменет во 45.минута

Рајо Ваљекано со победа во Џирона ја отвори 95. сезона во шпанската Ла Лига. „Пчелките“ славеа убедлива победа со 3:1.

Иако можеби не беше очекувано, првиот меч во сезоната донсе голем број голови, а победникот беше познат по првите 45.минути.

Рајо Ваљекано постигнаа два гола во рок од три минути. Прво, во 18-та минута, Хорхе Де Фрутос постигна гол, а во 21-та минута, му асистираше на Алваро Гарсија за 2:0.

Во 43-та минута, домашниот голман Пауло Газанига направи прекршок за пенал и доби директен црвен картон. На теренот влезе резервниот голман Крапивцов, а тренерот Мичел реши да го повлече од игра македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Пеналот во гол го претвори Иси Палазон.

Џирона не се откажа, продолжи да напаѓа, а наградата стигна во 57-та минута кога, по продорот на Циганков, топката ја смести во мрежата Жоел Рока.

Foto/ EPA

Scroll to Top