Top Sport

(ВИДЕО) Рамос се расплака на промоцијата во Севилја

Серхио Рамос синоќа и официјално беше претставен како нов член на Севилја. Пред неколку десетици илјади фанови Серхио Рамос се врати во својот дом.

Рамос истрча на теренот на „Рамон Санчез Пижуан“ со бројот „4“ на грбот, при говорот доби овации, а не можеше да ги задржи емоциите и се расплака.

Рамос истакна дека во Севилја се враќа поради дедо му, татко му и Антонио Пуерта и затоа е голем ден за него.

Scroll to Top