По три идентични победи (2:1) со кои влезе во новата сезона, Барселона во четвртата рунда го декласира Ваљадолид со 7:0.
Четата на Ханси Флик изгледаше непогрешливо, убедливо и убиствено.
Барса првото полувреме го заврши со три гола во мрежата на Ваљадолид, кој не пружи таков отпор каков ѓто пружи на „Сантијаго Бернабеу“, кога Реал два од трите гола постигна во последните седум минути. .
Рафиња му донесе водство на својот тим во 20. минута, само четири минути подоцна во листата на стрелците се запиша Левандовски, додека во мирниот дел од првото полувреме Жил Кунде ја зголеми предноста на три гола.
Во вториот Бразилецот Рафиња го комплетира хет-трикот, а до крајот на мечот по гол постигнаа Олмо и Феран Торес.