Реал Мадрид го елиминира Манчестер сити од Лигата на шампионите. Во реванпот од плејофот Реал го победи Сити со 3.1 и со вкупни 6:3 се пласира во осминафиналето.
Килијан Мбапе го постигна својот прв хет-трик во дресот на Реал во Лигата на шампионите. Францускиот репрезентативец си поигруваше со порозната одбрана на Манчестер сити.
Првиот гол го постигна во четвртата минута, кога Асенсио испрати долга топка, која патуваше речиси 60 метри, Рубен Дијаш лошо реагираше, а Мбапе го лобуваше Едерсон.
Во 33.минута ја измеша одбраната на Сити и зголеми на 2:0, а третиот гол го постигна во 61.минута по соло акција кога ја погоди „малата мрежа“.
Сити почесниот гол го постигна во судиското надополнување, Мармуш од слободен удар ја погоди гредата, а одбиената топка Нико Гонзалес ја спроведе во голот.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола изненади со составот и тактиката, на клупата ги остави Халанд и Де Брујне. Се реши за исклучително висок пресинг, му остави многу празен простор на тим кој во своите редови има тројца исклучително брзи напаѓачи.