Top Sport

(Видео) Реал на „мускули“ до четвртфиналето, Манчестер сити рутински во Топ 8

Реал Мадрид и Манчестер сити вечерва се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во вторникот, место во Топ 8 изборија Баерн Минхен и ПСЖ.

Реал Мадрид во реваншот беше надигран но не и победен од Лајпциг. Натпреварот заврши 1:1 и Реал со вкпен резултат 2:1 го елиминира германскиот тим. Манчестер сити, со втората постава, повторно го победи Копенхаген со 3:1.

Реал на мускули успеа да го мине Лајпциг. Германскиот тим доминираше во Мадрид, пропушташе шанси, но успеа да постигне само еден гол. Како играше Реал на овој меч најдобро сведочат свирежите што ги добија играчите особено во финиот на првиот дел. Играчите на Реал во првиот не упатија ниту еден удар во голот на Лајпциг.

Трагичар на мечот е напаѓачот на Лајпциг Опенда, кој имаше четири изгледни шанси, но ниту еднаш не успеа да го погоди голот.

Во финишот, во 93.минута гредата по ударот на Олмо спречи Лајпциг да избори продолженија.

Прашање е каков тек ќе имаше натпреварот доколку судијата Давиде Маса наместо жолт му покажеше црвен картон на Винисиус во 54.минута.

Инаку, Реал постигна гол по еден брз контра напад. Во 65.минута Белингем му асистираше на Винисиус. Три минути подоцна на 1:1 израмни Орбан.

Манчестер сити експресно дојде до 2:0 против Копенхаген, во 5.минута погоди Аканџи, а четири минути подцна Алварез. Потоа Елјунуси погоди за Копенхаген, а во третата минута од судиското надополнување на времето конечниот резултат го постави Халанд.

Scroll to Top