Top Sport

(ВИДЕО) Реал со прекрасните голови на Белингем и на Хоселу го победи Манчестер Јунајтед

Со импресивни голови на новите играчи, Реал Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 на пријателскиот натпревар во Хјустон. Џуд Белингем погоди во шестата минута, а Хоселу го постави конечниот резултат во 89. минута.

Младиот Англичанец, кого Реал го купи од Борусија Дортмунд на почетокот на месецот за 103 милиони евра, брилијантно го постигна првиот гол на натпреварот. Рудигер одлично го проигра со долга топка, а Белингем имаше одлична завршница.

Тој маестрално со глава од работ на шеснаесетникот го совлада голманот Андре Онана кој дојде од Интер за 52 милиони евра.

Сепак, голот на Хоселу беше спектакуларен. Лукас Васкез нафрли од десната страна, а Хоселу со акробатско движење ја затресе мрежата.

 

Scroll to Top