Фудбалерите на Реал Сосиедад и Џирона ремизираа 2:2 (2:2) во првиот натпревар од саботната програма во Ла Лига.
Се што вредеше на овој натпревар се случи во првоот полувреме. Во првиот период беа постигнати сите четири гола.
Првите два на натпреварот ги дадоа домашните, кои имаа убава предност со головите на Ојарзабал во 5. минута и Давид Силва во 24. минута.
Сепак, во самиот финиш на првиот дел од играта, гостите до израмнување стигнаа преку Коуто во 37. минута и Стуани во третата минута од судиското надополнување.
Резултатски промени во вториот дел немаше. Фернандез во финишот ја погоди гредата на голот на Џирона, а две минути пред крајот искусниот Ромеу доби втор жолт картон.
Сосиедад останаа на четврттата позиција со 62 освоени бода, осум повеќе со натпревар повеќе од Виљареал.
Џирона се уште се надева на пласман во Европа и моментално е на седмото место со 48 бодови.