Foto/ EPA
Фудбалерите на Барселона минаа низ пекол во Сан Себастијан, но успеаја да го победат Реал Сосиедад. Херои на победата на Каталонците се голманот Тер Штеген и дефанзивецот Араухо.
Веројатни и Чави Ернандез не знае како неговите играчи не само што остана непоразени, туку го однесоа целиот плен од Сан Себастијан.
Реал Сосиедад доминираше во текот на целиот натпревар, не успеа да постигне гол, а казната беше сурова. Араухо погоди за победа во 94.минута.
Со овој триумф Барселона се врати на третото место со 27 бода, додека Сосиедад е шести со 19 поени.