Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Рајо Ваљекано со 4:1 во 5-то коло од Ла Лига.
На „Бернабеу“, Реал Мадрид ја заврши целата работа во првото полувреме.
Килијан Мбапе о искористи пеналот во 14-та минута и му донесе предност на Реал од 1:0, а предноста три минути подоцна ја зголеми, Алваро Карерас.
Џуд Белингам го постигна третиот гол за Реал Мадрид во првото полувреме од натпреварот и во 35-тата минута донесе огромни 3:0 за домашниот тим.
На почетокот на второто полувреме, Рајо одговори и во 51-та минута преку Серхио Камело го намали резултатот на 3:1, но не можеа да направат повеќе од тоа.
Реал притискаше и притискаше сè додека не им беше досуден уште еден пенал во судиското продолжение.
Мбапе повторно ја презеде одговорноста и ги постави конечните 4:1. Французинот го постигна шестиот гол во Ла Лига од почетокот на сезоната.
Foto/ EPA
