Фудбалската репрезентација на Аргентина ја совлада Канада со 2:0 на стартот од Копа Америка, кое се одржува на тлото на Соединетите Американски Држави.
Натпреварот се одигра во Атланта на една милијарда вредниот стадион „Мерцедес Бенц Арена“. “.
Стрелци за актуелните светски шампиони беа Хулијан Алварез во 49. минута и Лаутаро Мартинез во 88. минута.
Во двете ситуации Меси одигра клучни додавања низ канадската одбрана, по што неговите соиграчи го најдоа патот до мрежата на противникот.
Меси забележа една асистенција, негова 18-та на 35 натпревари на Копа Америка, што го прави неприкосновен во историјата на натпреварувањето.
Досега тој ја делеше позицијата број еден по бројот на настапи на Копа Америка со Чилеанецот Серхио Ливингстон (1941-1953 година).
Следниот меч „гаучосите“ го играат против Чиле во Њу Џерси, а потоа им следи натпреварот со Перу во Мајами.