Лацио и Милан ремизираа 2:2, а Наполи во судиското надополнување направи пресврт и ја победи Парма со 2:1 во третото коло во Серија А.
Одличен натпревар одиграа Лацио и Милан на „Олимпико“. На крајот двата тима освоија по бод.
Првиот дел Милан го доби со 0:1 со првиот гол на Павловиќ во црвено-црниот дрес. Српскиот дефанзивец погоди во осмата минута по корнерот на Пулишиќ.
Вториот дел донсе инцијатива на Лацио, кој благодарение на инспирираниот лев бек Нуно Тавареш направи пресврт за само четири минути.
Тавареш во две акции два пати го мина Емерсон Ројал, Бразилецот делуваше како да не е на теренот, најпрвин му асистираше на Тати Кастељанос, а потоа и на Булае Дија.
Новиот тренер на Милан, Поло Фонсека, во 69.минута смени четворица фудбалери. Трјца од играчите кои влегоа на теренот (Тео Ернандез, Ејбрахам, Леао) две минути подцна ја креираа акцијата по која Леа го постави конечниот резултат.
На „Диего Армандо Марадона“ стадионот во Неапол, Наполи извојува драмтична победа над Парма. Гостите поведоа во 19.минута со голот на младиот француски играч Бони.
Наполи дојде до здив во последните 15 минути кога црвен картон доби голманот на Парма, Сузуки. Неверојатно но јапонскиот голман доби два жолти картони за „крадење“ време.
Наполи изедначи со голот на Лукаку во 92.минута. Белгиецот дебитираше за Наполи, на теренот влезе во 63.минута.Четири минути подоцна Ангиса погоди за целосен пресврт. Во последните секунди Парма имаше голема шанса, но Мерет ја одбрани победата на Наполи.