Top Sport

(Видео) Реми во Порто, Вила победи во Болоња, Селта немоќна во Фрајбург

Вечерва се одиграа првите четвртфинални натпревари во Лига Европа. Фудбалерите на Астон Вила и Фрајбург обезбедија предност пред реваншите, додека дербито помеѓу Порто и Нотингем Форест заврши без победник. Реваншите ќе се играат следниот четврток.

Дуелот помеѓу двата поранешни европски шампиони, Порто и Нотингем Форест, на стадионот „Драгао“ заврши 1:1 (1:1).

Порто дојде до предност во 11-та минута со голот на Бразилецот Вилијамс Гомес на асистенција на Габриел Веига.

Сепак, само две минути подоцна, „Шумарите“ израмнија со бизарен автогол на Мартим Фернандез. Неразбирлив потег на млад 20-годишен португалски фудбалер.

Гостите од Нотингем можеа до целосиотен пресврт, Бразилецот Игор Жежус постигна гол во 63-та минута, но во таа прилика го удри домашниот голман Диого Кошта во главата и голот беше поништен по проверката на ВАР.

На стадионот „Ренато Далара“, Астон Вила ја победи Болоња со 3:1.

Ова беше нивниот трет дуел во последните две сезони и трет триумф на англискиот тим. Вила победи во Бирмингем со 2:0 во лигата од Лигата на шампионите 2024/25, потоа со 1:0 во првото коло од овогодинешната Лига Европа.

Вила овој пат не беше многу подобра, но Унаи Емери уште еднаш покажа дека е „доктор“ за ова натпреварување.

Головите ги постигнаа Езри Конса во 44-та, Оли Воткинс во 51-та и 90+4-та минута за Астон Вила, а Џонатан Роу во 90-та минута го постигна голот за Болоња.

Неочекувано, најубедливата победа ја оствари Фрајбург во дуелот со Селта од Виго. Бундеслигашкиот клуб го победи шпанскиот тим со 3:0 (2:0) на својот стадион „Европа Парк“.

Головите ги постигнаа искусниот Италијанец Винченцо Грифо во 10-та минута, Јан-Никлас Бесте во 32-та минута и Матијас Гинтер во 78-ма минута.

Ден претходно, во првиот четвртфинален натпревар, Брага и Бетис одиграа нерешено 1:1.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');