Top Sport

(Видео) Ревијалниот меч на легендите за малку ќе завршеше со тепачка, Сидорф се нафрли врз Бразилецот

Легендите на бразилскиот Сао Паоло и италијанскиот Милан одиграа ревијален натпревар на стадионот „Морумби“ во Бразил, а домашната екипа победи со резултат 4:1.

Но, најголемо внимание на фановите привлече сцената во која главната улога ја имаше легендарниот Кларенс Сидорф, кој збесна од потезите на Жозуе.



Поранешниот бразилски ветеран грубо го стартуваше Сидорф, а Холанѓанецот бурно реагираше и веднаш започна конфронтација со поранешниот фудбалер на Волфсбург.

Нивната пресметка во судиското надополнување ја спречија останатите фудбалери на теренот.

По натпреварот, Жозуе изјави дека реакцијата на Сидорф му е нејасна и дека смета дека му е потешко поради резултатот со кој е поразен Милан на овој натпревар.

 

Scroll to Top