Top Sport

(Видео) Рис Џејмс со спектакуларен гол се врати во репрезентацијата на Англија

Англија ја забележа втората победа во квалификациите за Светското првенство. На „Вембли“, Англија ја победи Летонија со 3:0, а селекторот Томас Тухел особено го истакна Рис Џејмс.

Десниот бек на Челзи по две и пол години се врати во стартниот состав на „Гордиот Албион“ и го постигна својот прв гол за националниот тим. Тоа го направи на феноменален начин од слободен удар.

„Знам колку добар играч е Рис. Тој е неверојатен. Тој има право да биде горд и среќен за она што го одигра. Тој е во одлична форма, а неговиот квалитет никогаш не е доведен во прашање“, изјави Тухел.

Scroll to Top