Фудбалерите на Барселона на свој терен ја совладаа Алмерија со резултат 3:2 во натпреварот од 18. коло на шпанската Ла Лига.
Головите за Барселона ги постигнаа беа Рафиња во 33. минута и Серхи Роберто во 60. и 83. минута. Стрелци за „фенрџијата“ беа Лео Баптистао во 41. минута и Едгар Гонзалес во 71. минута.
Херои на Барселона беа капитенот Серхи Роберто, кој им пресуди на борбените гости во 83.минута и младиот голман Ињаки Пења, кој три минути подоцна со брилијантна одбрана го спречи Баба да и донесе уште едно израмнување на Алемрија.
Барселона е на третото место на табелата со 38 бодови, а Алмерија е на последната, 20. позиција со пет бодови.
Во следното коло Барселона ќе го пречека Лас Палмас, додека Алмерија ќе игра против на Осасуна.