Родителите на фудбалерот на Црвена звезда, Тими Макс Елшник, на велосипеди тргнаа од Златоличје, село во регионот Подравина во близина на Марибор, кон Белград, главниот град на Србија.
На дресовите што ги носат, на грбот им пишува „Маракана“, намерата им е да присуствуваат на првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите помеѓу Црвена звезда и Пафос. о целта ги дели 491,4 километри.
Растојание кое, доколку се во форма и нема непредвидени ситуации, можат удобно да го поминат до вторник вечерта, датумот одреден за натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“.
Roditelji našeg @Timi_Elsnik krenuli su biciklima iz Zlatoličja ka Beogradu, kako bi bodrili svog sina i crveno-bele na prvom meču plej-ofa za ulazak u Ligu šampiona protiv kiparskog Pafosa. 🚲😁
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/CDN30xoFaS
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) August 14, 2025
Подготовката на родителите на словенечкиот репрезентативец и играчот од средниот ред на црвено-белите предизвика екстаза меѓу навивачите на црвено-белите, позитивни коментари на социјалните мрежи.
Љубовта кон шампионот на Србија, а во овој случај и кон синот, нема граници.
„Мојот татко беше навивач на Црвена звезда уште во поранешна Југославија. Словенечките клубови не беа меѓу најдобрите европски клубови, па луѓето избираа други тимови, најчесто Црвена звезда, Партизан, Динамо или Хајдук. Мојот татко ја избра Црвена звезда и тоа беше неговиот клуб број 1. Подоцна, мојот брат тргна по неговите стапки, повеќе го следеше фудбалот во старата земја и е луд по Црвена звезда“, откри Тими Макс Елшник, кога минатото лето потпиша договор со спрскиот шампион.