Top Sport

(Видео) Рој Кин збесна: Манчестер јунајтед се „новите Тотенхем“

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин го нарече својот ексклуб „новите Спарс“ по 2:0 поразот од Тотенхем, со брутална оценка за перформансите на тимот.

Во разочарувачки меч во Лондон, Тотенхем ја презеде контролата во второто полувреме од мечот, за да постигнат два гол и да ги вратат спомените на гостинските мечеви на Јунајтед минатата сезона, кога беа очајни. Кин беше брутален.

„Ман јунајтед се новите Спарс. Очајни. Апсолутно очајни. Најголемата навреда која може да се каже за еден тим е дека не е способен да игра на гости. Имаат добар тим, и се добри кога се пред своите навивачи, ја имаат таа енергија. Но, си одат на гости. Второто полувреме немаше никакво лидерство, предадоа лоши голови. Јунајтед… Лесно е да се игра против Јунајтед. Играа само првите половина час, но мечот трае 90 минути. Знам дека е тешко да се доминира цел меч, но покажете барем некоја самодоверба, желба, борба. Видете го нашиот капитен, Бруно Фернандеш, нашите постари играчи. Тие се докажани интернационалци, но лесно е да се игра против нив. Тоа е најголемт навреда“, вели Кин.

Scroll to Top