Фудбалерите на Верона по голема борба славеа победа над Рома со 3:2, во рамките на 11. коло во италијанската Серија А.
Верона во исклучително лоша форма ја пречека Рома, со шест порази во претходните седум натпревари во Серија А, но токуму против Римјаните ја прекинаа лошата серија.
Во првото полувреме двете екипи заедно упатија три удари во рамката од голот и трите беа прецизни. Две топки завршија в мрежата на Рома, една во мрежата на верона.
Домашните поведоа во 13. минута по одличниот соло продор на Норвежанецот Каспер Тенгштет. Израмни младиот Во 28.минута, Аргентинец Матиас Суле за кого римјаните летово му платија на Јувентус 28 милиони евра.
Само шест минути подоцна Верона повторно дојде во водство преку Џанџакомо Мањани. Тој беше највисок во скокот по корнерот на Ондреј Дуда.
Рома уште еднаш израмни во 53. минута. Овој пат најголемиот дел од работата ја заврши Мехмет Зеки Челик, а Артем Довбик ја смести топката во мрежата.
Верона до победата дојде во претпоследната минута. Стрелец беше Абдулрахман Харуи, на асистенција на Дејлон Роча Ливраменто, кој доби црвен картон во самиот финиш од натпреварот, во петтата минута од судиското надополнување.
Во следното коло Верона и гостува на Фиорентина, додека Рома ја пречекува Болоња.
⚽️GOAL🇮🇹 | Hellas Verona 3-2 Roma | Abdou Harrouipic.twitter.com/pPGZWW4Jnu
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 3, 2024