Поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо (43) влезе во турската верзија на ријалити шоуто „Преживеан“. Од моментот кога ја заврши кариерата, Роналдињо, за да го финансира својот животен стил учествувал во секакви проекти.
Роналдињо играше фудбал на песок со натпреварувачите и ги воодушеви сите со својата појава.
Поранешниот офанзивец на Барселона го помина денот во шоуто, а гбеше облечен во дресот на Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс.
Роналдињо играше за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе. Со Бразил беше светски првак во 2002 година, а во 2004 и 2005 година ја освои Златната топка. За Бразил постигна 33 гола на 97 натпревари.
Ronaldinho, Cok rahat cok profesyonel. Bu arada Yasin Obuzun Ronaldinho ile ayak tenisi oynamasi kadar sacma baska bi olay olamaz djzkkd pic.twitter.com/cqdolm10Wo
— Balkolik (@BaIkolik) February 21, 2024