Top Sport

(Видео) Роналдо го урна рекордот на Герд Милер

Кристијано Роналдо го постигна првиот гол во новата сезона и постави нов рекорд.

Ал Наср, во Купот на арапските шампиони, го победи Монастир со 4:1. Роналдо го одигра целиот натпревар и постигна гол во 74.минута.

Со овој гол Португалецот ја продолжи неверојатната серија од 22 сезони во кои постигна барем еден гол.

Покрај тоа, тој стана рекордер по бројот на постигнати голови со глава. Досега тоа беше Германецот Герд Мулер со 144 гола. Португалецот е на 145, а трет е Карлос Сантилјана со 125, додека четвртото место му припаѓа на легендарниот Бразилец Пеле, кој во кариерата постигна 124 гола со глава.

Scroll to Top