Top Sport

(Видео) Роналдо исклучен во Даблин – Република Ирска ја победи Португалија

Фудбалерите на Република Ирска направија вистинско изненадување со победата над Португалија со 2:0, во Ф групата, во квалификациите за Светското првенство..

Паро постигна два гола во првото полувреме и пресуди на репрезентацијата на Роберто Мартинез. Португалците до крајот не успеаја да се опорават од тој шок, иако доминираа на теренот.

Кристијано Роналдо ја покажа својата „темна страна“. Во немоќ, без топка удри противнички играч, поради што доби црвен картон. Додека го напушташе теренот наседна на провокациите, па се расправаше со ирските навивачи.

Португалците имаа можност да го потврдат своето место на Светското првенство, но ќе мора да бараат виза во последното коло против последнопласираната Ерменија. Ирците, в недела, во Будимпешта, во директен дуел со Унгарија ќе решат која селекција ќе игра во баражот.

Scroll to Top