Top Sport

(Видео) Роналдо со дрес на Ал Хилал си ги избриша гениталиите

Ал Хилал го победи Ал Наср со 2:0 во пријателски натпревар. Милинковиќ-Савиќ и Ал Давсари беа стралци на головите за Ал Хилал.

Сепак, се она што се случуваше во текот и по натпреварот го засени уличарскиот потег на Кристијано Роналдо.

Навивачите на Ал Хилал во текот на целиот натпревар го провоцираа Португалецот со повиците: „Меси, Меси“.

Фрустрациите ги покажа кога одеше кон соблекувалната со што ја згрози јавноста во Саудиска Арабија.

Противничките навивачи ги фрлаа дресовите на својот тим пред Кристијано Роналдо, а тој зеде еден дрес, го ставил во шорцот и со него си го избриша половиот орган. Потоа го фрли дресот и замина во соблекувалната.

Scroll to Top