Top Sport

(Видео) Баерн ја доби драмата во Белград – молк во Арена по тројката на Франциско

Кошаркарите на Баерн во драматичен натпревар го победија Партизан во Белград со 79:78, во рамките на 26.коло од Евролигата. Партизан го претрпеа третиот поразпо ред во Евролигата, односно петтиот во сите натпреварувања.

Натпреварот во Белград беше решен во последните 49 секунди, во кои Патизан влезе со предност од четири поени (76:72).

Пресвртот го режираше бекот на Баерн Силван Франциско. Најпрвин погоди две слободни фрлања, потоа Пантер на спротивната страна не погоди за три поени, а Франциско на 1,1 секунда до крајот погоди тројка.

Партизан ја имаше последната шанса, но Пантер повторно не успеа да погоди.

Франциско 19 од своите 20 поени постигна во второто полувреме, го следеа Серж Ибака со 14, карстен Едвардс со 12 и Данко Бранковиќ со 11 поени и шест скока.

Кај Партизан Кевин Пантер постигна 22 поени, Френк Камински 14, а Пи-Џеј Доужер и Џејмс Нанели по 10.

Црно-белите сега имаат скор 12-14, додека Баерн има 11 победи и 15 порази.

Scroll to Top