Мохамед Салах стана најдобар стрелец во историјата на египетската фудбалска репрезентација.
Салах го постигна својот 70-ти гол за репрезентацијата во квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации против Малави. Всушност, тој ги постигна 69-тиот и 70-тиот гол и со тоа го престигна претходниот рекордер Хосам Хасан, некогаш и селектор на оваа селекција, на вечната листа на стрелци.
Голот што влезе во историјата го постигна Салах со стил, со паненка од пенал. Патем, Салах ја затресе мрежата за прв пат во 84-тата минута.
Фудбалскиот фараон го имаше своето деби за сениорската репрезентација на Египет на 3 септември 2011 година, а по повеќе од 15 години, успеа да се најде на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на репрезентацијата.
Иако зад себе има бројни индивидуални и клупски трофеи, тој сè уште не го остварил својот најголем репрезентативен сон – освојување на Купот на африканските нации.
Исто така, натпреварот помеѓу Египет и Малави го одбележа соиграчот на Салах, Мохамед Хани, со гол во продолжението, спектакуларен, убедливо најубав потег на натпреварот.
Foto/ Depositphotos
