Top Sport

(Видео) Сан Марино прв пат победи на официјален натпревар

Сан Марино ја забележа првата победа во својата историја кога се во прашање натпреварувањата на УЕФА.

На стартот на натпреварите во Д дивизијата во Лигата на нации, Сан Марино го победи Лихтенштајн 1:0. Голот го постигна Нико Сенсоли.

Единствениот гол погледнете го ТУКА, а прославата погледнете ја во продолжение.

Сан Марино сега има биланс од две победи, девет нерешени и 195 порази на 206 одиграни натпревари и гол разлика 33:834.

Со ова беше прекината најцрната серија во историјата на националниот фудбал, бидејќи најлошата репрезентација на ранг-листата на ФИФА (210. место) стави крај на серијата од 140 натпревари без победа.

Инаку ова е прва победа на официјален меч за Сан Марино, претходно на 28.април 2004 година оваа репрезентација славеше во пријателски меч над Лихтешптајн.

Scroll to Top