Top Sport

(Видео) Селтик победи во 438. „Олд Фирм“

Фудбалерите на Селтик го совладаа тимот на Ренџерс со резултат 2:1 во 438. изадние на „Олд Фирм“. Мечот на „Селтик парк“, покрај трите гола го обележаа и картоните, главниотсудија подел 10 жолти и еден црвен.

„Келтите“ поведоа во 25. минута кога по корнер од десната страна, Пауло Бернардо шутираше прецизно од десетина метри и ја затресе мрежата на „полицајците“.

Вториот дел започна перфектено за Селтик благодарение на Кјогу Фурахаши кој постигна убав гол во 47. минута.

Работите тргнаа на полошо за Ренџерс во 71 минута кога Балогун заработи исклучување, но гостите успеаја да ја намалат негативата во 88. минута со голот на Џејмс Таверние од слободен удар.

Селтик сега има осум бода и два натпревари повеќе од најголемиот ривал.

Scroll to Top