Top Sport

(Видео) Сензација на „Можуик“ – Леганес ја победи Барселона

Сензационален резултат го обележа последниот натпревар од 17.коло во Примера. Леганес на „Монжук“ ја победи Барселона со 1:0. Херпј на натпреварот беше поранешниот голман на српската репрезентација, Марко Дмитровиќ.

Каталонците беа апсолутни фаворити против 17-топласираната екипа на табелата, која во претходните 16 натпревари забележа само три победи, ниту една на гости, но на крајот тие со наведнати глави го напуштија теренот.

Леганес поведе во четвртата минута, стрелец беше капитенот Серхио Гонзалес Поаре.

Од тој момент играчите во сино-црвените дресови постојано напаѓаа, шанси пропуштаа Роберт Левандовски и капитенот Рафиња, но Дмитровиќ успеа се да одбрани.

Барселона очигледно западна во резултатска криза, со само една победа во последните шест натпревари. Тие се уште се први на табелата, но сега имаат ист број на бодови и натпревар повеќе од Атлетико Мадрид и само еден бод повеќе од Реал Мадрид.

Во следното коло избраниците на Ханси Флик ги очекува дерби против Атлетико Мадрид.

Scroll to Top